Чалханоглу ја донесе првата радост на „Сан Сиро“ (видео)

Милан ги запиша првите бодови во новата сезона со минималниот триумф над Бреша од 1-0. Росонерите доминираа во поголемиот дел од средбата, само еднаш го најдоа патот до мрежата.

Победничкиот погодок го запиша Чалханоглу во 12-тата минута по асистенција на Сусо, додека во второто полувреме Кеси, Пјонтек и Пакета беа неуспешни во обидите да ја зголемат разликата.

https://www.dailymotion.com/video/x7j74xn

- Оглас -

Најнови вести