Драма каква што ретко се гледа: Наполи сам се победи во дербито против Јуве (видео)

Јувентус слави во драматичното дерби против Наполи со конечни 4-3. Италијанскиот првак ги освои бодовите во крајно неизвесната голеада на „Алијанц“ стадионот, благодарение на дефанзивецот на гостите, Калиду Кулибали.

Фудбалерите на Маурисио Сари влегоа многу самоуверено во натпреварот, што резултираше со два брзи гола на Данило и Игуаин за предност од 2-0 по 20 минути игра. Возбудувања имаше и на стартот од второто полувреме, Кедира погоди пречка, претходно Мертенс промаши зицер. Во 62-та минута во листата стрелци се запиша и Роналдо, зголеми на 3-0 и се чинеше дека победникот е веќе познат по еден час игра.

Сепак, гостите конечно малку се разиграа, а головите на Манолас и Лозано беа како повик за будење и шанса на Наполи да се врати во мечот. Тимот на Карло Анчелоти дојде до неверојатно израмнување од 3-3 во 81-та минута преку Ди Лозенцо, само пет минути откако во игра влезе македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Кобниот момент за Наполи се случи во судиското надополнување, при центаршут на Пјаниќ Сенегалецот го смени правецот на топката директно во својот гол, за конечни 4-3.

https://twitter.com/ItalyYariga/status/1167897408522440704

https://twitter.com/SwypeSports/status/1167900525062307846

- Оглас -

Најнови вести