Солскјер: На вистинскиот пат сме

Поминаа само четири кола од Премиер лигата, а Манчестер јунајтед веќе заостанува седум бодови зад лидерот Ливерпул. По убедливата победа на стартот од шампионатот со 4:0, Црвените ѓаволи одиграа две нерешени средби на гости и доживеаја пораз на „Олд Трафорд“. И покрај овие слаби резултати, менаџерот Оле Гунар Солскјер е задоволен.

„Ќе бев многу загрижен ако дозволувавме противниците постојано да создаваат шанси пред нашиот гол, но тоа не е така. Кристал палас имаше две шанси и ни даде два гола. Саутхемптон за 10 секунди создадоа две шанси и дадоа гол. Имаа еден корнер и еден центаршут. Тоа беа двете шанси кои им ги дозволивме. Знам дека требаше да победиме во последните три меча и поради тие кисови, сега сме слаби на табелата. Сепак, верувам дека сме на вистинскот пат. Гледам што се случува на тренинзите, како работиме и сѐ е како што треба. Нормално е дека играчите се разочарани од последните резултати, но треба заедно да веруваме дека се на вистинската патека“, рече Солскјер.

Следниот меч во Премиер лигата Манчестер ќе го игра на 14 септември, и тоа на „Олд Трафорд“ против Лестер.

- Оглас -

Најнови вести