Кјелини успешно опериран во Австрија, ќе паузира цела сезона

Џорџо Кјелини е успешно опериран на клиниката во Инсбрук од познатиот доктор Кристијан Финк, па сега ќе треба да мине долг процес на рехабилитација и веројатно ќе ја пропушти целата сезона.

Стоперот на Јувентис и на италијанската репрезентација ги скина лигаментите на десното колено на тренинг, непосредно пред дербито со Наполи.

Според проценките, паузата ќе биде долга за 35-годишниот капитен на Старата дама, а процесот на рехабилитација ќе трае над 6 месеци, што значи дека во најдобар случај Кјелини би можело да игра во последните 3-4 кола во Серија А.

Стоперот на Италија и на актуелниот шампион на Калчото во Јувентус е од 2005 година и оваа сезона го очекуваше 400-тиот настап во Серија А. Досега одигра 384 натпревари за 35-кратниот италијански шампион, а има и 103 натпревари за Аѕурите.

 

- Оглас -

Најнови вести