Солскјер топ не го бие: И со пораз од Ливерпул останува на чело на Манчестер

Најавите дека Манчестер јунајтед во брзо време може да добие нов тренер најверојатно ќе останат само како шпекулации. Челнците на најтрофејниот англиски клуб имале состанок, на кој била донесена одлука Солскјер да остане на чело на тимот дури и ако Црвените ѓаволи загубат од Ливерпул во дербито кое е следно на програмата во Премиер лигата.

Манчестер го има најлошиот старт во последните 30 години од првенството. Само со девет бода од осум меча, тимот е на 13-тото место на табелата и веќе е 15 бода зад лидерот Ливерпул, кој е перфектен досега. Солскјер седна на клупата на „Олд Трафорд“ во декември, кога дојде на местото на Жозе Мурињо. Стартот му беше добар, па затоа и доби тригодишен договор, но сезонава ја започна очајно.

Антонио Конте се најавуваше како можен наследник на Солскјер, но сепак засега нема да има смени на тренерската функција во клубот.

 

- Оглас -

Најнови вести