Пред две години беше осми на светот, а годинава нема АТП поени

Американецот Џек Сок одвај чека да заврши 2019 година, која беше катастрофална за него, година во која не освои ниту еден АТП поени. Повредите го спречија да учествува на турнири на кои требаше да брани поени од 2018-та, па тој сега е на 217 место на АТП листата, иако пред две години кога го освои Мастерсот во Париз, беше осми на светот.

Сок годинава има играно само седум натпревари, а единствената победа ја имаше против Фабио Фоњини на Лејвер купот. Од поените кои ги брани од лани, веројатно ќе игра само во Париз, каде лани стигна до четвртфиналето и освои 180 поени.

Неделава Сок учествуваше на челинџер турнир во Лас Вегас и предаде меч поради повреда.

 

- Оглас -

Најнови вести