Реал мора да го преживее „пеколот“ во Истанбул

Галатасарај – Реал Мадрид (21ч – Лига на шампиони)

Не се памети кога последен пат Кралевите биле во ваква позиција во групите од ЛШ. Одиграа два меча, а освоија само еден бод и посакуваниот пласман во нокаут-фазата им е под закана. Избраниците на Зинедин Зидан ќе немаат оправдување ако вечерва не остварат триумф на гостувањето кај турскиот првак Галатасарај, исто како што немаа оправдување за поразот од Мајорка изминатиов викенд.

Во 2013 година овие две екипи одиграа четири меча меѓусебе, два во нокаут-фазата и два во групната фаза од шампионската сезона 2013/14 на Кралевите. Реал доби три од четирите средби, додека Галата испиша историски 3-2 бладогарение на победничкиот гол на Дидие Дрогба, но тоа не им донесе посакуван успех бидејќи реваншот го загубија со убедливи 3-0. Последен пат кога шпанскиот гигант дојде на „Турк Телеком арената“ триумфираше со високи 6-1. Можеби вечерва нема да се случи таков дебакл, но според учинокот во пресметките, двете екипи треба да приредат ефикасен меч кој на крајот ќе им припадне на фудбалерите во бели дресови.

Предлог тип 2 & 3+ (2.40)

 

Атлетико Мадрид – Баер Леверкузен (18:55ч – Лига на шампиони)

Атлетико досега освои четири бода од два меча и заедно со Јувентус ја предводат групата Д. Фармацевтите, несвојствено, уште имаат главоболки што ја разочараа публиката на „Бајарена“, во дуелот со Локомотив Москва, а не поминаа добро ниту на екскурзијата во Торино против великанот Јувентус.

Затоа вечерва се очекува нова пропаст за германската екипа, а успешен настап на шпанскиот вицепрвак. Очекувањата беа дека Атлетико заедно со Јуве ќе обезбедат пласман во нокаут-фазата и пред да почне натпреварување, затоа на половина од групните мечеви нема да има изненадувања, иако Баер успеа да остане непоразен и воедно да не прими гол последен пат кога гостуваше во Мадрид.

Предлог тип: 1X & 0-2 (2.07)

 

Јувентус – Локомотив Москва (21ч – Лига на шампиони)

Рускиот првак нема што да бара на „Алијанц стадионот“, ниту пак ќе добие нешто од Старата дама. Бројните повреди на неколку првотимци уште повеќе му носат проблеми на тренеротЈури, а од сето тоа Јувентус ќе искористи со цел што побрзо да го обезбеди пласманот во осминафиналето.

Ова им е прва прилика да ги одмерат силите на меѓународната сцена, но иако се непознати противници за Јувентус, тоа и не е важен сегмент, Бјанконерите против секого одат на победа, па така ќе биде и вечерва. Италијанскиот шампион сè уште не знае за пораз сезонава, во сите натпреварувања е во серија од шест победи, а Локомотив треба да биде седма во низа.

Предлог тип: 1-1 & 2+ (1.92)

 

Манчестер сити – Аталанта (21ч – Лига на шампиони)

Аталанта иако делува моќно во Италија и е екипа од која се плашат останатите калчолигаши, како дебитанти во Лигата на шампионите се покажаа дека им недостасува искуство, па затоа и следуваше дебаклот од Динамо Загреб со 4-0. Но, тренерот Гасперини има неколку трикови во ракавот со кои може да ги изненади Граѓаните од Манчестер, но се соочува со еден проблем – неиграњето на расниот голгетер Дуван Запата.

Сити по два меча, уште нема дозволено гол во својата мрежа, но одбраната им е ранлива ако се знае дека изминатиов викенд Гвардиола против Кристал палас изнесе состав во којшто немаше класичен стопер. За негова среќа, закрепна Џон Стоунс. Тој можеби вечерва ќе игра, но ќе биде во комбинација со еден од играчите за врска, Фернандињо или Родри. Токму поради тоа може да се очекува тимот од Бергамо да постигне барем еден гол на „Етихад“, но исто така фудбалерите на Сити во повеќе наврати ќе го разочараат противникот и ќе останат перфектни во првата половина од групната фаза.

Предлог тип: ГГ4+ (2.22)

 

Олимпијакос – Баерн Минхен (21ч – Лига на шампиони)

Грчкиот гигант без тројца клучни играчи, меѓу кои и искусниот Валбуена, ќе го пречека шампионот на Германија во Пиреа. Олимпијакос многу веројатно и по овој меч нема да се радува на победа бидејќи има катастрофален учинок против Баварците. Баерн е тимот кој на два меча им заби седум гола, а ако се земе предвид во каква голгетерска форма е Левандовски, „црно“ им се пишува на Грците.

Баерн мора да се врати во победнички ритам откако потфрлија против Аугсбург викендов, тимот кој им украде бод од „Алијанц арената“ со гол во судиското надополнување. Баварците ќе имаат три од три доколку слават вечерва и ќе си го олеснат патот до осминафиналето.

Предлог тип: 1+I & 2+II (2.22)

Квоти на денот во Sport Life се:

Јувентус – Локомотив Москва 1-1 3+ (2.35)

Тотенхем – Црвена ѕвезда Т2 1+  (1.85)

Манчестер сити – Аталанта Т1 1+I & T13+ (1.85)

 

- Оглас -

Најнови вести