Ноќ за историја: Вестбрук го помина Меџик Џонсон

Расел Вестбрук беше незадржлив и со 28 поени, 13 асистенции и 10 скока го предводеше Хјустон до победа против Њу Орлеанс од 126:123, во еден од 10-те меча кои се оидграа утрово во НБА лигата. За Вестброк ова беше 139-ти трипл-дабл во кариерата и успеа да го помине легендарниот Меџик Џонсон на второто место на вечната листа во оваа категорија. Пред Вестбрук сега останува само Оскар Робертсон со побвеше трипл-дабл во кариерата. Робертсон е застанат на бројката од 181 трипл-дабл.

Ако Хестбрук продолжи со темпото како во претходните три сезони, да има во просек по 33,7 трибл-дабл во сезона, се очекува рекордот на Оскар да биде достигнат некаде на крајот од следната сезона.

Покрај Вестбрук, одличен кај Хјустон беше и втората голема ѕвезда, Џејмс Харден. кој даде 29 поени.

Во останатите мечеви кои се играат утрово: Милвоки – Мајами 126:131 (прод.), Детроит – Филаделфија 111:117, Атланта – Орландо 103:99, Њујорк – Бостон 95:118, Чикаго – Торонто 84:108, Кливленд – Индијана 110:99, Јута – Сакраменто 113:81, Сан Антонио – Вашингтон 124:122, Феникс – ЛА Клиперс 130:122.

 

- Оглас -

Најнови вести