НЕЗАДРЖЛИВ: Ентони Дејвис сруши два рекорди на еден меч

Лос Анџелес лејкерс убедливо со 120:91 го победи Мемфис, во меч на кој свое шоу имаше Ентони Дејвис. Играчот кој летоска дојде во ЛА од тимот на Њу Орлеанс одигра меч за памтење. Тој стана нов рекордер во НБА откако успеа да постигне 40 поени и да има 20 скока само за 30 минути и 34 секунди поминати на теренот. Ниту еден играч во историјата на Лигата претходно немал ваков скор за толку кратко време поминато на теренот.

Гостинските играчи на секаков можен начин се обидуваа да го сопрат Дејвис, па често поравеа фаули, но и тоа не им успеа, туку беше повод за уште еден клупски рекорд. Дејвис стана играч со најмногу погодени слободни фрлања на еден меч. Успеа да реализира 26 од 27-те шута од линијата за слободни фрлања.

Интересно е што претходниот клупски рекорд за најмногу погодени слободни фрлања во ЛА не го држеше ниту Вилт Чемберлен, ниту Меџик Џонсон, ниту Карим Абдул Џабар или Коби Брајант. Тој рекорд беше во сопственост на сегашниот соиграч на Дејвис, Двајт Хауард. Во 2013 година, Хауард на дуелот против Орландо успеа да погоди 25 слободни фрлања, но тој негов рекорд сега е срушен.

Мечот против Мемфис беше интересен и неизвесен до пред крајот на третата четвртина. Тогаш Лејкерс со серија од 22:0 направи недостижна предност и јасно беше дека домаќините ќе победат.

Во останатите мечеви кои утрово се играат во НБА: Мајами – Атланта 112:97 и Денвер – Далас 106:109.

- Оглас -

Најнови вести