Бензема покажува дека е легенда на Реал, зад себе го остави Пушкаш

Карим Бензема даде два гола за Реал Мадрид во првото полувреме на гостувањето кај Еибар, а Кралевите уште по првите 45 минути најавија дека ќе стигнат до трите бода, по водството од 3:0. Со тие два гола, Бензема, испиша нова историја во мадридскиот гигант.

Францускиот напаѓач стигна до 157 лигашки погодоци за Реал и се искачи на шестото место на листата на најефикасни стрелци. Бензема зад себе го остави легендарниот Ференц Пушкаш кој има 156 погодоци.

Пред Бензема на листата на најдобри стрелци во Примера дивисион во дресот на Реал се: Кристијано Роналдо со 311 голови, Раул има 228, Алфредо ди Стефано (216), Спаин Сантиљана (186) и Уго Санчес со 164 голови.

- Оглас -

Најнови вести