Одредена саатницата за Ел Класико, Јапонците и Кинезите нема да бидат задоволни

Барселона и Реал Мадрид својот заостанат натпревар од шпанската фудбалска лига ќе го одиграат на 18 декември, со почеток во 20 часот. Средбата требаше да се игра на 26 октомври, и тоа во ран пладневен термин за да може да гледаат и Јапонците и Кинезите, но поради протестите низ Каталонија, беше договорено одложување.

Денеска и официјално е одлучено мечот да се игра со почеток во 20 часот, што не е добра вест за азиските спонзори и навивачи кои ќе мора да останат будни до раните утрински часови ако сакаат да гледаат.

Барса и Реал во моментов го делат првото место во Ла Лига, со еднаковт број бодови, па ако останат така и за еден месец, дуелот на 18 декември дополнително ќе добие на тежина и важност.

- Оглас -

Најнови вести