Поранешниот претседател на Партизан, Драган Ѓуриќ, тврди дека клубот се обидел да го доведе Џејми Варди пред околу седум години. Моментално најдобриот стрелец во Премиер лигата, во 2012 година не бил познат како сега, а играл за англискиот петтолигаш Флитвуд.
Во таборот на белградскиот гигант за Варди и неговите квалитети дознале преку тогашниот тренер Аврам Грант. Негова била иницијативата за Варди да дојде на популарниот стадион „ЈНА“, меѓутоа клубот не можел да си го дозволи трансферот.
„Немавме скршен денар, во ниту еден случај не можевме да потрошиме еден милион евра само за еден фудбалер. Нека не ве залажува што петтолигаш ни бараше толку многу пари бидејќи Варди и тогаш беше убиствен голгетер. Грант често го разгледуваше англискиот пазар и ги познаваше сите талентирани фудбалери, но ние не бевме финансиски моќни да му ги исполниме желбите“, истакна експретседателот Ѓуриќ.
Набрзо по неостварениот трансфер во Белград во 2012 година, Варди за идентична сума потпиша за Лестер, а останатото е историја.