Н’голо Канте одлучи да го тужи својот менаџер и фирмата што се грижи за неговиот имиџ и маркетинг, а одлуката ја донесе сомневајќи се дека го користат за заработка.
Играчот на Челзи и светски првак со Франција е еден од најкротките и омилени играчи во светот на фудбалот, без разлика на клупските симпатии, но веројатно и не можел веќе да ги трпи измамите.
Нури Кијари му е менаџер и ќе мора да докажува на суд дека не го мамел Канте и не заработувал на негова сметка и на реномето што го има фудбалерот до средниот ред.
Двајцата соработуваат од 2009 година, а Канте сигурно ќе ја раскине понатамошната соработка без разлика на исходот надвор од теренот, односно на судската постапка против 52-годишниот менаџер.