Како од соништата: Го одигра последниот меч пред домашната публика и даде гол за победа во 96 минута (Видео)

Во еден од најдраматичните мечеви одиграни сезонава, Малме го победи Динамо Киев со 4:3, а победничкиот гол го даде Маркус Розенберг во шестата минута од судиското надополнување.

За капитенот на Малме ова беше меч како од соништата, затоа што претходно најави дека за последен пат ќе истрча на стадионот пред своите навивачи. Во негова чест, навивачите на Малме пред дуелот направија фантастична кореографија, а тој им се оддолжи на најдобар можен начин.

Малме губеше со 1:2 на полувреме, а во вториот дел токму Розенберг беше творец на пресвртот. Капитенот прво погоди во 48 минута кога израмни на 2:2, а потоа во 96 минута даде гол за победа од 4:3, за делириум на трибините. Розенберг прослави токму со навивачите на трибината.

https://twitter.com/Foet247Europe/status/1200172610958643200

Розенберг уште како петгодишно дете дожол во Малме да тренира фудбал. Откако ги поминал сите старосни категории, дебитирал и за првиот тим. Во 2005 година, Росенберг заминува да игра во странство, а пред пет години реши да си замине од Вест Бромвич Албион и да се врати во Малме.

Росенберг со 37 години реши дека е доста, а последниот меч пред своите навивачи беше како од бајките. Навивачите на Малме, кој пред два дена ја запалија статуата на Златан Ибрахимовиќ, сега дефинитивно имаат нов херој поради кој навивачите останаа на стадионот и 35 минути по завршување на дуелот.

Погодокот на Розенберг во 96 минута усреќи и еден обложувач во Sport Life од Гостивар. Благодарение на тој погодок, среќникот доби речиси 239.000 денари.

 

- Оглас -

Најнови вести