Ел Класико може повторно да се одложи?

Најочекуваниот меч во светот на фудбалот, тој меѓу Барселона и Реал Мадрид може да не се игра ниту на 18 декември. Првично, Ел Класико требаше да се игра во октомври, но поради лошата безбедносна состојба и протестите кои беа во каталонската престолнина, дуелот се одложи.

Сите очекувања беа дека на 18 декември ќе нема проблем за нормално одигрување на најголемото дерби во светот, но очигледно не е така. Како што пишува реномираниот весник „Марка“, на играчите на Реал Мадрид ниту полицијата не може да им ја гарантира безбедноста во Барселона. Се работи за релацијата од хотелот до стадионот.

Како опција која се најавува е играчите на Реал да бидат сместени во хотел кој е на само 100 метри од стадионот, па така да се намали опасноста за било каков инцидент. До одигрување на Ел Класико има уште 20 дена, а атмосферата веќе е загреана.

 

- Оглас -

Најнови вести