Реал за среќа не настрада поради глупоста на Рамос (Видео)

Реал Мадрид се искачи на чело на табелата во шпанската Примера откако со 2:1 на гости победи кај Алавес . Сите погодоци беа постигнати во второто полувреме, а на крајот Кралевите се израдуваа на деветата победа во 14. коло.

Капитенот на Реал, Серхио Рамос беше во центарот на вниманието. Иако дефанзивец, Рамос уште еднаш покажа колку знае да биде корисен и во нападот, па погоди во 52 минута со глава по центаршутот на Тони Крос.

https://youtu.be/U5ajxPUJMUU

Водството кое го донесе, капитенот го поништи со потегот кој го напарави 10-тина минути подоцна. Рамос со рака намерно удри еден противнички играч во шеснаесетникот и судијата досуди пенал за Алавес.

Перес погоди за 1:1, но за среќа на гостите, Реал брзо даде и втор гол. Дани Карвахал погоди во 69 минута, што на крајот се покажа и како конечен резултат.

https://youtu.be/e4odCjfPiJg

- Оглас -

Најнови вести