Барселона изедначи шпански рекорд на Реал Мадрид

Победата на Барселона над Атлетико Мадрид од 1-0 покрај тоа што ја изедначи Барса со Реал Мадрид на врвот на табелата по бројот на бодови, туку сега Каталонците се изедначија со Кралскиот клуб и по бројот на шпански стадиони на кои извојувале победа.

Барселона досега немаше дадено гол на мадридскиот „Ванда Метрополитано“, а Меси со погодокот успеа да го разбие тој малер. Меси лично давал голови на 38 различни стадиони низ Шпанија и со тоа го држи рекордот.

Аргентинецот е најзаслужен што Барса сега има победено на дури 86 различни стадиони на кои гостувале во шпанското првенство. Досега Реал (на новиот стадион на Атлетико победија во минатата сезона) беше осамен лидер на таа листа, но доби друштво. Реал и Барселона, заедно со Атлетик Билбао, се единствените три клуба кои никогаш не испаднале од Примера.

- Оглас -

Најнови вести