Голот на Пандев е рекорден сезонава според далечината во Серија А

Македонскиот репрезентативен капитен, Горан Пандев, беше централна фигура во редовите на Џенова на гостувањето кај Лече, дуел кој заврши со нерешени 2-2. Пандев во 31 минута даде гол за кој е измерено дека е постигнат од далечина од 39,7 метри, и тоа е нов сезонски рекорд во италијанската Серија А.

После таа мајсторија на струмичанецот, фановите на Џенова го величаа Пандев, Кришито погоди од пенал за 2-0 по првото полувреме, но и тоа не беше доволно за победа на Џенова.

Лече намали на 1-2, после Агудело од Џенова доби црвен картон, па на стадионот „Виа дел маре“ домашните изедналија на 2-2 на 20 минути до крајот. Работите за Џенова се влошија кога во 77 минута и Пандев беше исклучен. Судијата Роки во 73-та минута му даде жолт на Пандев за глума и обид да изнуди пенал, а вториот картон му го даде за фаул.

- Оглас -

Најнови вести