Ел Класико повторно ќе се одложи?

Ел Класико повторно е под закана да се одложи откако е најавено дека на 18 декември ќе има нови протести од страна на демонтстрантите кои се за осамостојување на Каталонија.

Најголемото фудбалско дерби првично требаше да се одигра на 26 октомври, според регуларниот распоред на Ла Лига, но од безбедносни причини и по долги расправии мечот се помести за идната среда.

Наводно, протестот е закажан на четири часа пред дуелот меѓу Барселона и Реал Мадрид, а ќе се случува во близина на Камп ноу. На протестот ќе има повеќе од 18.000 луѓе, што значи дека ќе биде голем проблем за полицијата да одржи контрола врз толпата и да воспостави ред и мир.

- Оглас -

Најнови вести