Неутрален терен е решението за Ел Класико да не се одложи по вторпат

Неутрален терен е најидеалното решение доколку новиот термин не биде погоден да се одржи првото Ел Класико за оваа сезона. Барселона и Реал Мадрид првично требаше да се сретнат на 26 октомври на Камп ноу во рамките од 10-тото коло на Ла Лига, но протестите во Барселона го одложија дербито за 18 декември.

Сепак, и новиот термин е проблематичен бидејќи нови протести се закажани за тој ден, а се очекува да присуствуваат повеќе од 18.000 луѓе. Движењето за осамостојување на Каталонија организира собир пред „Камп ноу“, жители од цела Каталонија ќе се соберат пред стадионот на Барселона, и тоа четири часа пред почетокот на дербито.

Тоа би можело да го загрози големиот фудбалски настан, но Шпанската федерација има можност да го премести мечот на неутрален терен доколку со полицијата оцени дека натпреварот не може да помине без ризик кон фудбалерите и навивачите.

Според членот 42.3 од Статутот на ФФ на Шпанија, дуелот може да се откаже или одложи за нов датум доколку безбедноста на сите вклучени во настанот е под ризик, а да се избегнат непосакувани последици може и да се премести да се игра на друг стадион. Пред да се донесе оваа одлука, полицијата мора да се увери дека постои голем ризик од нереди.

- Оглас -

Најнови вести