Роналдо: Преферирам да се сретнеме со Реал дури во финалето

Кристијано Роналдо беше еден од главните актери во триумфот на Јувентус од 2-0 против Баер Леверкузен во последното коло од ЛШ. Италијанскиот шампион со 16 од можни 18 бода го заврши настапот во групната фаза, а за неколку дена ќе го дознае противникот во осминафиналето од елитното континентално натпреварување.

Меѓу нив е Реал Мадрид, клубот кој доминира според бројот на титули, како потенцијален противник на Старата дама. На Португалецот не му се допаѓа таа идеја, а истакна дека преферира да се сретне со поранешниот тим дури во самото финале.

„Нема сомнежи за квалитетот кој го поседува Реал, тие се меѓу најдобрите екипи во ова натпреварување. Сепак, не би сакал да се сретнам со нив веднаш, преферирам да се соочиме во финалето“, истакна Роналдо.

Роналдо досега не доби прилика да се надигрува со клубот чиишто бои бранеше цели девет години, но сепак има големи шанси за еден од паровите во осминафиналето да биде токму Јувентус – Реал Мадрид, според овие пресметки.

- Оглас -

Најнови вести