Без паника: Ќе има Ел Класико на „Камп ноу“

Претседателот на Барселона, Хосеп Марија Бартомеу, уверува дека најголемото дерби во светот, дуелот против Реал Мадрид, ќе се одигра во закажаниот термин, а тоа е на 18 декември. Популарното Ел Класико требаше да се игра во октомври, но тогаш беше откажан дуелот, и тоа поради нарушената безбедност во Барселона и протестите низ улиците на главниот град на Каталонија.

„Тоа што може да се каже е дека Ел Класико ќе се игра и дека нема да има одложување. Секој што е дел од Ел Класико треба да помогне за да се организира мечот. Знам дека Каталонија е во еден сложен период, но тоа не треба да биде препрека за спортски настан. Нашиот стадион е место каде што слободно може да го изразите вашето мислење, секогаш било така и тоа е безбедно место за сите. Ние нормално се подготвуваме за Ел Калсико и ги повикуваме нашите фанови да дојдат и да дадат поддршка за да стигнеме до победата“, рече Бартомеу.

 

- Оглас -

Најнови вести