Како Солскјер се спаси од отказ кој веќе му бил подготвен?

Еден од главните луѓе во Манчестер јунајтед, Ед Вудворд веќе го подготвувал отказот за Оле Гунар Солскјер, но норвешкиот стратег на чудесен начин се спаси и ја сочува својата работа. Иако Солскјер ја имаше поддршката од играчите, сепак раководството на клубот имаше решено дека е потребно негово заминување од клупата.

Пред Солскјер беа две тешки дерби мечеви. Му требаше победи против Тотенхем и Манчестер сити за да се спаси и на чудесен начин тоа се случи. Тотенхем предводен од Жозе Мурињо не успеа да се спаси од пораз на „Олд Трафорд“, па домашните фанови се радуваа на триумфот од 2:1.

По тој меч со Тотенхем, следуваше и градското дерби против Манчестер сити и тоа на гости. Црвените ѓаволи успеаа да ги изненадат домаќините, па Јунајтед се радуваше на триумф од 2:1. Со овие две победи, Солскјер само го премисли Вудворд и засега нема смена на клупата на гигантот од „Олд Трафорд“.

Манчестер ќе се обиде да сврзе три победи во низа, бидејќи викендов на свој терен игра против Евертон.

- Оглас -

Најнови вести