Барселона и Реал имаат вековно ривалство, но за сè има првпат

Вечерашното Ел Класико помеѓу Барселона и Реал Мадрид може за едниот или другиот тим да значи предност од три бода, победникот ќе ги израдува милионите навивачи низ светот, поразениот ќе жали три-четири дена до следниот меч, но има и еден податок кој најавува дека вечерашниот дуел ќе биде историски.

Иако станува збор за ривали кои повеќе децении едни против други се борат за трофеи, неверојатно е досега никогаш не се сретнале на „Камп ноу“ во ситуација кога имале еднаков број бодови.

Барса и Реал играле еднаш во Каталонија, кога биле со еднаков број бодови, но на стариот стадион „Лес Кортс“. На моментно најголемиот стадиоин во Европа, „Камп ноу“ никогаш не играле кога биле егал по бодови, а на „Сантијаго Бернабеу“ четири пати, од кои последниот пат пред десет сезони.

- Оглас -

Најнови вести