Некои се плашат дури и од терористички напади, но „бакнежот“ меѓу Пике и Рамос е порака за мирно Ел Класико

Жарарт Пике и Серхио Рамос се „бакнуваат“ на графитот кој денеска се појави во центарот на Барселона. Овој графит симболично порачува големото Ел Класико кое се игра на „Камп ноу“ да помине во мирна атмосфера.

Графитот е дело на „ТВ Момче“, кој и во минатото имал слични графити на кои биле играчи на Барселона и Реал Мадрид, како што се Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Денешното Ел Класико се најавува како едно од најризичните. Повеќе од 3.000 полицајци ќе се грижат за безбедноста, што е рекорден број за обезбедување. Се очекува околу „Камп ноу“ да има околу 30.000 демонстранти. Некои дури се плашат дека може да има и терористички напади, но од Барселона уверуваат дека дербито ќе помине во најдобар ред.

 

- Оглас -

Најнови вести