Точно пред една година Мурињо доби отказ, Манчестер сега има помалку бодови!

На 18 декември 2018 година беше последниот ден на кој Жозе Мурињо работеше како тренер во Манчестер јунајтед. Поради слабите резултати, португалскиот стратег доби отказ, а на негово место беше назначен Оле Гунар Солскјер. Норвешкиот стратег одлично започна, постави рекорд со девет победи по ред на гостински терен и челниците на Манчестер беа задоволни од изборот.

Сепак, на крајот од сезоната Манчестер не успеа да се избори за место во Лигата на шампионите и сега игра во второто по ранг натпреварување, а тоа е Лигата на Европа. Во новата сезона се очекуваше Солскјер да ги предводи Црвените ѓаволи кон врвот на табелата, но се случи спротивното.

Точно по една година од отказот на Мурињо, направена е споредба меѓу двајцата тренери. Мурињо беше избркан откако по 17 кола во Премиер лигата освои 26 бодови, а сега со Солскјер на чело, гигантот од „Олд Трафорд“ има само 25 бодови.

Манчестер вечерва на свој терен игра против Колчестер во четврт-финалето од Лига купот и е голем фаворит за влез во полуфиналето.

 

- Оглас -

Најнови вести