Две градски дербија за седум дена, Челзи со една најава ги „пецна“ ривалите Тотенхем и Арсенал (видео)

Челзи утре гостува кај градскиот ривал Тотенхем, а точно седум дена подоцна ќе се врати во северниот дел од Лондон каде што ќе му биде гостин на Арсенал. Во густиот предновогодишен распоред во Премиер лигата, екипата на Френк Лампард ја очекува два тешки дуели против градските ривали, па како најва за утрешното дерби и она кое е закажано за една недела, Сините направија видео прилог како најава.

Во видеото Челзи успеа да испрати провокација за двата ривали, особено за тимот кој сега го води Жозе Мурињо. Главна ѕвезда е Вилијан, бразилското крило кое од 2013 година го носи дресот на шесткраниот англиски првак. Пред да потпише за Челзи, тој беше на прагот да стане играч на Петлите, но управата на Сините интервенираше исполнувајќи ја желбата на Мурињо, кој тогаш беше на клупата на тимот од „Стемфорд бриџ“.

Инаку меѓу двете дербија, Челзи на Боксинг деј (26 декември) ќе ги одмери силите со Саутхемптон. Утрешното дерби е закажно во ударниот термин од 17:30 часот.

https://twitter.com/ChelseaFC/status/1207933654485176321

- Оглас -

Најнови вести