Тренерот на Евертон повторно направи шоу: Внесе играч од клупата, па го извади од игра

Во меч на кој двете екипи упатија вкупно само четири прецизни удари гол голот, Евертон и Арсенал ремизираа без погодоци, во првиот меч од 18. коло на Премиер лигата. Ова беше дуел на двете екипи кои вчера добија нови тренери. Карло Анчелоти од утре ја превзема функцијата во Евертон, додека Микел Артета се враќа меѓу Топчиите, но овојпат како стратег.

Кога немаше шанси и голови, потегот на дуелот го направи стратегот на домаќините, Данкан Фергусон. Тој повторно успеа да изнервира и понижи еден играч од својот тим. Во 11 минута во игра на местото на повредениот Ивоби влезе Тосун, а интересно е што замената не издржа до крајот. Во 80 минута, Фергусон реши да го извади Тосун и на негово место го внесе Моис Кин.

Заменетиот играч, видно изнервиран замина директно во соблекувалната. Интересно е што во минатото коло Фергусон истото му го направи и на Моис Кин. Тогаш италијанскиот интернационалец помина само 18 минути на теренот, откако во игра влезе во 70 минута, а излезе во 88 минута. Тренерот Фергусон веќе има „хет-трик“ со вакви измени, откако прв пат сезонава тоа го почувствува Ивоби на дуелот против Манчестер сити.

 

 

- Оглас -

Најнови вести