Арсенал сруши негативен рекорд стар 60 години

Арсенал до 10 минути пред крајот имаше водство од 1:0 против Челзи, а на крајот загуби на свој терен. Топчиите со тоа продолжија со очајните резултати, а беше повторен и еден негативен рекорд од точно пред 60 години.

Арсенал ги загуби последните четири меча на свој терен, нешто што Топчиите не го доживеале од декември 1959 година. По денешниот пораз, Топчиите паднаа на 12-тото место во Премиер лигата само со 24 бодови од 20 мечеви и со минимални шанси да се надеваат дека може да изборат место кое води излез во Европа.

На лондонскиот тим не му помогна ниту смената на тренерот. По заминувањето на Унаи Емери, дојде Фреди Љунберг како привремено решение, а сега ни со Микел Артета нема радост на „Емирати“.

- Оглас -

Најнови вести