Ако денот се познава по утрото, ни претстои феноменална 2020 година во Премиерлигата. Брајтон и Челзи одиграа 1-1, а и двата тима може да жалат што не освоија три бода.
Сезар Аспиликуета беше стрелец за Челзи, и тој стана првиот фудбалер кој дал гол во новата декада во Премиерлигата. Овој податок сигурно за некоја ќе се најде како прашање во некој од спортските квизови по англиските пабови. Шпанскиот лев бек има три гола на последните 11 настапи за Челзи, а претходно три гола имаше на 118 средби во синиот дрес.
Челзи имаше 9/9 против Брајтон, што е рекорд во Премиерлигата која постои точно 10.000 денови, но Алиреза Јаханбакш им даде феноменален гол со ножички. Потоа домашните имаа уште една шанса, но Кепа Аризабалага спречи пораз на Сините.
Голот на Иранецот мора да се види: