По првите два меча на ЕП во Виена, Филип Талески шестпати успеа да погоди од 15 упатени удари. Со 40 отсто прецизност, Талески не е во редот на најефективните играчи, но сепак има една статистичка категорија во која е најдобар не само во македонскиот состав, туку на целото Европско првенство досега.
Талески успеа да постигне гол по шут на кој топката во мрежата влезе со брзина од 141 километар на час. Ниту еден друг играч на првенството нема постигнато гол со толку силен шут. Зад Талески е Станислав Кашпарек од Чешка со шут од 140 километри на час, погодок постигнат токму против Македонија.