ГОЛ-МАШИНА: Роналдо синоќа постави уште еден неверојатен рекорд

Јувентус се пласираше во полуфиналето од Купот на Италија откако без многу проблеми со 3:1 ја елиминираше Рома. Старата дама уште во првото полувреме даде три гола и беше јасно кој ќе биде тимот што ќе оди во следната фаза. Кристијано Роналдо ја отвори серијата погодоци, а потоа погодија и Бентакур и Бонучи.

Роналдо со овој гол против Рома само ја потврди одличната форма во која се наоѓа. Во 2020 година одигра четири средби, а веќе има седум погодоци. Посебно значајно е тоа што синоќа за првпат погоди во Купот на Италија и со тоа постави еден рекорд. Тоа е 18-то различно натпреварување во кое Роналдо се има израдувано на погодок.

Португалецот на репрезентативно ниво има погодувано на Светско првенство, Светско клупско првенство, Купот на конфедерации, Европско првенство и Лигата на нации на УЕФА, додека на клупско ниво има давано голови за Спортинг, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус.

Еве ги сите 18 натпреварувања во кои Роналдо се има израдувано на погодок.

 

- Оглас -

Најнови вести