Бомба од Милано: Конте го сака Пандев во Интер, понуда во последен момент!

Македонскиот фудбалер Горан Пандев наместо за опстанок, можеби ќе добие шанса да се бори за титулата во Серија А, но услов е преговорите кои ги почна Интер со него и Џенова да завршат успешно.

Тренерот на Нераѕурите, Антонио Конте, сака да ја засили конкуренцијата во нападот и покрај Лукаку, Лаутаро Мартинес и Алексис Санчес, да го придодаде и Пандев, кој е член на Џенова. Оваа „last minute“ понуда за Пандев изненади многумина. Пандев во 2010 година со Интер освои ЛШ, а потоа во 2011 си замина.

Иако има 36 години, струмичанецот сезонава покажа дека има квалитет, даде пет гола на 18 меча и можеби идеално би било кариерата да ја заврши во клубот со кој ги постигна најголемите успеси. Во следните часови ќе се знае расплетот и дали е можен камбек во Интер.

 

- Оглас -

Најнови вести