Роналдо и во Јувентус има импресивна статистика, ја покори и Чизмата

За Кристијано Роналдо очигледно нема разлика кој дрес го носи, неговата задача да постигнува голови ја завршува речиси перфектно. Португалецот покажува дека е незадржлив иако само за два дена ќе наполни 35 години. На вчерашниот меч против Фиорентина даде два гола од пенал, а со тоа го повтори рекордот на Давид Трезеге од пред 14 години. 

На дуелот против Фиорентина, Португалецот прослави неколку јубилеи, кои само потврдуваат дека е феноменален. Тоа беше негов 50-ти дуел во Серија А и има феноменален учинок од 40 погодоци и 10 асистенции, што значи дека во просек по еден гол на меч е по негова заслуга.

Роналдо како играч на Јувентус вкупно има одиграно 70 средби, а веќе стигна до бројката од 50 погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести