Роналдо ги разочара, за утеха судот им додели компензација за билетите и за претрпена болка

Кристијано Роналдо не играше за Јувентус на пријателскиот меч во Сеул во јули лани против Олстар тимот на јужнокорејската лига, а по половина година двајца симпатизери добија отштета на двојна основа поради отсуството на Португалецот.

Агенцијата The Fasta Inc. при рекламирањето на пријателскиот меч ветуваше дека Роналдо ќе игра најмалку 45 минути, но тоа не се случи. Популарниот ЦР7, според објавите на раководството на Јувентус, беше повреден и затоа не настапи на мечот, што сепак не беше прифатено како силен аргумент од судот во Инчеон.

Таму беше пресудено дека агенцијата што го организираше мечот треба да им компензира на двајцата Јужнокорејци по 250 евра за билетите што ги платиле и по 200 евра за претрпена душевна болка затоа што немале можност да го гледаат Роналдо на терен барем 45 минути, како што било рекламирано од организаторите.

Слична отштета веројатно ќе добијат најмалку уште 87 навивачи кои исто така поднеле тужба против агенцијата „The Fasta Inc.“

- Оглас -

Најнови вести