Дибала постави услов за да потпише нов договор со Јувентус

Јувентус ги започна преговорите околу продолжување на соработката со Пауло Дибала. И самата ѕвезда на Бјанконерите е подготвена да ја потврди лојалноста кон клубот, но потписот на новиот договор ќе го стави само под еден услов.

Дибала сака новата годишна плата да му изнесува 10 милиони евра по преместан данок. Актуелниот договор на Дибала е до јуни 2022 година, а Јувентус сака да го продолжи на дополнителни три години.

Инаку, аргентинскиот офанзивец пред околу една година беше на прагот да го напушти Торино, дури имаше понуди од ПСЖ, Тотенхем и Манчестер јунајтед, меѓутоа одлучи да се бори за своето место во редовите на италијанскиот првак.

Под водство на Маурицио Сари, Дибала ја поврати формата и оваа сезона има голема улога во резултатите, придонесувајќи со 11 погодоци и исто толку асистенции на вкупно 28 меча во сите натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести