Можна ли е ваква сензација – Јувентус го враќа Алегри

Андреа Ањели не е задоволен од начинот на којшто игра Јувентус под палката на Маурисио Сари, па расте притисокот да се направи смена на кормилото и да се врати претходниот тренер Макс Алегри.

Ваква вест објави италијанска „Ла Република“, со информација дека веќе постои поголема и влијателна група во Јувентус што бара итна смена на Сари и враќање на Алегри.

Интересно е што тоа е и лесно изводливо бидејќи Алегри сè уште е под договор со Јувентус, а двете страни се разделија многу мирно, па камбекот е сосема реален.

Сари беше именуван како нов тренер на Старата дама во јуни лани, токму како замена за Алегри, па сега може да се случи пресврт и смена во обратна насока.

Поразот од Верона што Јувентус го претрпе завчера со бледа игра го запали алармот во Торино, па се очекува Ањели да повлече потег и да одлучи дали ќе продолжи со Сари како тренер или ќе го врати неговиот претходник Алегри, со кого „црно-белите“ освоија пет Скудета во Италија, четири пехари во Купот, двапати славеа во Суперкупот, но и загубија две финалиња во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести