Паровите во новото коло на Спортска прогноза ве тераат да прогнозирате

Новото, 23-то коло на Спортска прогноза е отворено, вашите прогнози веќе ќе можете да ги запишете на интернет-страницата на Sport Life.

За разлика од минатиот викенд, кога немавме понеделнички меч, сега има, и тоа дербито на Премиер лигата помеѓу Челзи и Манчестер јунајтед кое се игра во 21 часот. Иако не се борат за титула како некогаш, дуелите на овие два тима секогаш предизвикуваат внимане.

Колото ќе почне стандардно, со мечеви од Бундеслигат. За добар старт ќе треба да се погодат исходите на средбите помеѓу Хофенхајм и Волфсбург, Падерборн и Херта, како и на Аугсбург со Фрајбург. Овие мечеви почнуваат од 15.30 часот во сабота и тоа е крајниот термин до кој може да прогнозирате во нашата бесплатна и популарна игра со примамливи награди.

На менито од саботните дуели ќе треба да се погодат и исходите од пресметките на Ним на Влатко Стојановски против Анже и Аталанта со Рома.

Во недела има 7 натпревари, а почетокот е во 15 часот во Италија и Франција. Тоа се дуелите на Сампдорија со Фиорентина, односно Лион против Стразбург. Следува баскиската пресметка на Еибар и Реал Сосиедад, па Брест и Сент Етјен, Калјари – Наполи, Мајнц – Шалке. Крајот го краси делото, од 20.45 часот в недела во Рим играат Лацио и Интер во трка за титулата во Италија.

Доколку успеете да имате перфектна прогноза, ќе ви остане уште еден чекор до главната награда, прекрасниот „ајфон“. Последен меч е оној на Челзи и Јунајтед.

Резервните двојки се од шпанското првенство. Станува збор за мечевите Вилјареал – Леванте и Леганес – Бетис. Погодените исходи кај резервните парови ќе се преточат во поени што важат во поредокот во Генералниот пласман.

Повелете со вашите прогнози, а секогаш има неограничено место и за нови прогнозери кои се добредојдени. Наградите се одлични, забавата е загарантирана, секогаш е поинтересно кога има дополнителни мотиви за следење на натпреварите, а Sport Life наградува со телефони, ваучери, телевизори, СЛ Маркет поени…

 


- Оглас -

Најнови вести