Веќе не треба да му даваат на Роналдо да изведува слободни удари, а статистиката покажува и зошто

Јувентус загуби со 0:1 на гостувањето кај Олимпик Лион, но ги задржа шансите за пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Резултатот не е толку лош за Старата дама колку што играта беше под нивото на италијанскиот првак.

Јувентус не успеа да упати ниту еден прецизен удар кон голот на Лион, нешто што досега во елитната лига на УЕФА му се има случено само двапати претходно. Без директен удар кон противничкиот гол гигантот од Торино заврши и на дуелите против Атлетико Мадрид во 2014 година и против Арсенал во 2006 година.

Еден од најслабите во Јувентус беше Кристијано Роналдо. Португалецот никако не успеа да го наштима шутот, иако имаше можност и од слободен удар, но, како по обичај, беше непрецизен.

Според статистиката, Роналдо нема постигнато ниту еден гол од последните 25 упатени удари од слободен удар во Лигата на шампионите. Едноставно можеби е време Кристијано да престане да шутира слободни удари посебно затоа што во Јувентус има и други одлични изведувачи на прекините.

Уште е поочајна реализацијата на Роналдо откако е дојден во Јувентус. Во дресот на Старата дама, Кристијано упатил 38 шута од слободен удар и ги утнал сите. Од тие 38 упатени удари, 24 завршиле во живиот ѕид, исто како што беше и со шутот против Лион. Само 11 удари оделе кон противничкиот гол, но голманите успеале сите да ги одбранат.

- Оглас -

Најнови вести