Роналдо има порака за сите оние кои се радуваа по поразот на Јувентус од Лион

Јувентус се подготвува за големото дерби против Интер кое ќе се игра без публика поради страв од ширење на Коронавирусот. Иако фокусот е на дербито против Нераѕурите, Кристијано Роналдо уште не го заборавил поразот од Лион во првиот меч од осмонафиналето во Лигата на шампиони.

„Мечевите од Лигата на шампиони секогаш се комплицирани. Секако дека не сме среќни поради поразот, иако таквите работи се нормални во фудбалот. Немаме страв од испаѓање едвај чекаме да дојде реваншот во Торино. Убеден сум дека ќе ја свртеме ситуацијата во наша корист и дека ќе поминеме во следната фаза“, вели Роналдо, кој сепак додава дека сега фокусот е за дербито против Интер.

„Сега сме концентрирани само на тој натпревар, а потоа ќе мислиме на Лион. Дербито против Интер е многу важно и сакаме да победиме за да ја задржиме челната позиција на табелата и да бидеме уште поблиску до титулата. Не смее да правиме погрешни чекори“, додава Португалецот.

 

- Оглас -

Најнови вести