Челзи водеше, но на крајот треба да е задоволен што не загуби

Челзи ремизираше 2:2 на гостувањето кај Борнмут во меч на кој тимот од Лондон имаше водство на полувремето, но на крајот може да биде задоволен што не загуби. Дефанзивецот Маркос Алонсо го доведе Челзи во водство, а домаќините со погодоците на Лерма и Кинг во период од само три минути (54 и 57 минута) направија пресврт за 2:1.

Челзи од пораз се спаси повторно благодарение на гол на Алонсо. Ако се гледа од сезоната 2016/17 до сега, Алонсо е дефанзивецот со најмногу погодоци во Премиер лигата. Со овие два гола стигна до 19 погодоци.

Во останатите денешни меча во Премиер лигата: Брајтон – Кристал Палас 0:1, Њукасл – Барнли 0:0 и Вест хем – Саутемптон 3:1.

 

- Оглас -

Најнови вести