Ова се одбраните на сезоната: Голманот на Челзи фати три зицери на Ливерпул за 5 секунди (Видео)

Челзи води со 1:0 на полувремето против Ливерпул на „Стемфорд бриџ“, а најзаслужен за тоа е голманот на домаќините Кепа Аризабалага. Лондонскиот тим поведе со голот на Вилијан, кој шутираше од 16 метри, а гостинскиот голман Адријан киксираше и топката заврши во мрежата.

Само неколку минути подоцна, Ливерпул во еден напад имаше дури три шанси да израмни, но најголем виновник што гостите не се израдуваа е голманот Кепа. Чуварот на мрежата на Челзи само во пет секунди успеа да одбрани три шута од зицер-позиции, па по првите 45 минути домаќините имаат предност од еден гол во дуелот со лидерот во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести