Коронавирусот не ги спречи навивачите на Интер да направат фешта

И покрај забраната за групно собирање на поголем број на луѓе, навивачите на Интер вечерва решија да му пркосат на Коронавирусот. Околу 500 најверни фанови на Нераѕрутите се собраа во Милано пред тренинг центарот на Интер, за да ги испратат своите миленици на дербито против Јувентус.

Интер утревечер ќе игра против италијанскиот првак во Дербито на Италија, а мечот се игра без публика. Стравот од Коронавирусот ги затвори стадионите во Серија А, но опасниот вирус не ги уплаши најверните симпатизери на Интер кои се собраа и со песни, скандирања и аплаузи ги испратија фудбалерите во една од клучните битки во трка за титулата во Серија А.

 

- Оглас -

Најнови вести