Клоп пред прва елиминација, во Париз без публика, најавени почетните состави за вечерашаните дербија во ЛШ

Европскиот првак Ливерпул вечерва против шпанскиот Атлетико Мадрид во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите ќе се обиде да си ги продолжи надежите дека може да го одбрани трофејот и да ја продолжи низата на успеси во двомечи откако тренер им е Јирген Клоп. Со Клоп на клупата, Ливерпул никогаш не бил елиминиран во европски елиминациски двобој.

Англичаните се притиснати до ѕид, првиот меч го загубија со 0-1, па ќе треба добро да се потрудат да го елиминираат незгодниот противник. На „Енфилд“ ќе има публика, тоа е голем плус за Црвените. Минус им е неиграњето на Алисон, но се враќа Хендерсон. Еден гол на Атлетико ќе значи дека патникот ќе се решава во 90 минути и Ливерпул ќе мора да даде барем три гола.

Атлетико одамна не загубил во Англија, но во минатата сезона по победа од 2-0 дома, испаднаа, па можеби и стравот ќе влезе вечерва против најдобриот тим од Премиер лигата.

Можни состави:

Ливерпул: Адријан, Арнолд, Ван Дајк, Гомес, Робертсон, Фабињо, Хендерсон, Вајналдум, Салах, Фирмино, Мане.

Атлетико Мадрид: Облак, Лоди, Фелипе, Савиќ, Трипие, Коке, Саул, Томас, Жоао Феликс, Мората, Кореа.

СВЕТЦИТЕ ОД ПАРИЗ ИМААТ НАВИДУМ ЕДНОСТАВНА ЗАДАЧА

Во Париз, на домашниот Пари Сен Жермен доволна му е и победа од 1-0 над Борусија Дортмунд за пласман понатаму. Но, ќе се игра без публика и тешко е да се очекува дека Борусија нема да даде гол. Првата средба заврши 2-1 за Германците, на потег се Нејмар, Кавани, Мбапе и Икарди. Мбапе е болен, а проблем за францускиот првак е и што во Европа никако да го покажат својот потенцијал. Тешки милиони се фрлени за да се успее во Европа, но не им оди.

Дилејни и Ројс ќе бидат отсутни кај Борусија, а Тијаго Силва е неизвесен кај ПСЖ.

Можни состави:

ПСЖ: Навас, Кимпембе, Курзава, Маркињос, Бернат, Нејмар, Идриса Геј, Паредес, Сарабија, Мбапе, Кавани.

Борусија: Бурки, Загаду, Хумелс, Пишчек, Гереро, Витсел, Џан, Хакими, Санчо, Халанд, Азар.

- Оглас -

Најнови вести