Навивачите не може да бидат на стадион на дел од реванш-мечевите во Лигата на шампионите, но сепак не се откажаа во намерата да им пружат поддршка на своите миленици.
Вчера грмеше пред „Месталја“, каде што илјадници навивачи на Валенсија дојдоа да ги бодрат играчите на реваншот против Аталанта, а денеска слично е сценариото во Париз.
Another closed doors game in UCL because of coronavirus – yet large crowds are still gathering in the city center.
PSG Ultras going wild in Paris a couple hours ahead of kick-off. pic.twitter.com/vKp21qTosT
— Stu Holden (@stuholden) March 11, 2020
Ултрасите на Пари Сен Жермен нема да можат да влезат на „Паркот на принцовите“ поради опсаност од ширење на Коронавирусот, но затоа се собраа во центарот на Париз за да им испратат порака на Мбапе, Нејмар, Икарди и дружината дека се со нив и очекуваат елиминација на Борусија Дортмунд, иако Германците допатуваа со предност од 2:1 од првиот меч.
Дуелот ќе се игра од 21 часот, исто како и Ливерпул и Атлетико Мадрид, но на „Енфилд роуд“ ќе се игра со публика.