Некогашната докторка на Челзи објасни зошто фудбалерите се мета на Коронавирусот

Ева Карнеиро е некогашната докторка на лондонскиот клуб Челзи. Таа се прослави во 2015 година, кога неочекувано влезе во конфликт со тогашниот тренер Жозе Мурињо. На дуелот против Свонси, додека португалскиот стратег сакаше да го задржува времето, докторката истрча и побрза да му укаже помош на еден од домашните играчи кои се жалеше на повреда.

Мурињо многу се налути и успеа да ја избрка Ева од Челзи, а докторката сега работи како шеф на оделение во една болница во Лондон. Карнеиро вели дека има објаснување зошто фудбалерите се лесна мета за зараза од Коронавирусот. Засега заразени се тренерот на Арсенал Микел Артета, Одои од Челзи, а се чекаат тестовите од повеќе фудбалери кои имаат симптоми дека го закачиле опасниот вирус.

„Играчите често заболуваат од вируси и од инфекции на горниот респираторен тракт затоа што постојано се изложени на голем напор, односно на физичка активност. Телото едноставно нема време да се одмори затоа што по мечот следуваат тренинзи кои создаваат дополнителни проблеми на телото. Фудбалерите играат на секои 72 часа и постепено се исцрпуваат сите резерви, па затоа на крајот од сезоната фудбалерите делуваат многу исцрпено“, вели Ева, која шест години беше прв доктор во Челзи.

 

 

- Оглас -

Најнови вести