Мејсон Маунт ја прекрши наредбата да биде во самоизолација како и останатите играчи на Челзи по позитивниот тест на Коронавирус што го имаше Калум Хадсон-Одои, па сега го чека клупска казна.
Маунт тренираше со големиот другар од детството Деклан Рајс, кој е играч на Вест хем. Рајс не е во самоизолација, па нема да биде казнет од управата на популарните Чекани.
И двајцата се репрезентативци на Англија, а нивната приказна за големото пријателство и ривалитет е инспиративна.
„Сè уште сме нераздвојни и тоа трае од детството. Не викаат глупавиот и поглупавиот бидејќи секогаш сакаме да се шегуваме“, раскажа Маунт во својот дел од приказната за пријателството со Рајс.
Сега токму поради тренингот со Деклан, го чека казна, а приказната за двајцата големи таленти на англискиот фудбал прочитајте ја ОВДЕ.