И покрај тоа што фудбалските првенства во Европа се стопирани и може да бидат „замрзнати“ и во следните два месеци, големите клубови не мируваат. Откако Томас Муние не успеа да се договори за останување во Пари Сен Жермен, францускиот првак реши да го продаде, и тоа за 50 милиони евра во Борусија Дортмунд.
Според најавите, соработката веќе е договорен, а Муние ќе биде во редовите на Милионерите во следните четири сезони. Муние во ПСЖ беше од 2016 година, кога дојде од редовите на Бриж. Игра на позицијата десен бек, а сезонава имаше 27 настапи за Светците.
Муние е стандарден репрезентативец и на белгиската репрезентација и досега има 40 настапи во кои постигнал и седум гола во националниот дрес.