Дури и да се игра без публика, мора да има барем 300 луѓе

Доигрување на фудбалското првенство без присуство на публика е речиси сигурно решение во Германија. Челниците на Бундеслигата имаат план во мај и јуни да се одиграат преостанатите мечеви од првенството и шампионот да се знае најдоцна до 30 јуни.

Речиси сигурно е дека сите мечеви до крајот ќе се играат без присуство на публика, но и да е така, повторно ќе треба да има голем број луѓе кои ќе се ангажираат за да се одигра еден дуел. Ако се собере бројот на фудбалерите, стручните штабови, судиите, службените лица, децата кои ќе ги додаваат топките, како и редарите кои се потребни да бидат пред стадионот, пресметано е дека повторно ќе се стигне до една бројка од околу 300 луѓе кои ќе бидат потребни за одигрување на еден натпревар.

И во една ваква ситуација, Бундеслигата се очекува да продолжи на почетокот на мај, а Баерн Минхен како лидер да се обиде да стигне до нова титула во домашното првенство.

Според пресметките на весникот „Билд“, 126 луѓе ќе ги сочинуваат фудбалерите, тренерите, медицинските лица, фоторепортери, камермани и деца кои ќе ги собираат топките. Наместо како досега, кога имаше по 12 деца задолжени за топките, сега ќе има само четворица.

На трибините ќе има уште 113 луѓе и тоа ќе бидат новинари, луѓе од обезбедувањето, како и по осум челници на двата клуба кои ќе играат. Нема да биде дозволено присуство на ВИП луѓето ниту на оние кои се вработени во клубот, а нема да имаат некоја значајна функција додека трае дуелот.

Околу стадионот би имало околу 50 луѓе од обезбедувањето, па вкупниот број ангажирани луѓе ќе ја достигне бројката од околу 300.

- Оглас -

Најнови вести