Пред корона-вирусот да ги суспендира фудбалските лиги во Европа, речиси во сите шампионати од топ 5 лигите се одиграа околу 70 отсто од натпреварите. Тоа значи дека првенствата се некаде од 25-тото до 29-тото коло, а се чека расплет на целата ситуација да се утврди дали има простор сезоната да се заврши.
Кога се во прашање примени погодоци од најстрога казна, поточно од пенал, само четири екипи од топ 5 лигите немаат примено ниту еден гол. Тоа се: ПСЖ, Ливерпул, Борусија Дортмунд и Њукасл.
Црвените на Јирген Клоп сите пет шанси од белата точка ги искористиле во своја полза, а против нив ниту еднаш не е досудена најстрога казна во вкупно 29 натпревари во Премиер лигата. Тој факт само ја потврдува цврстата и сигурна одбрана на европскиот првак предводена од Вирџил ван Дајк, статистика која придонесе за Ливерпул да се најде на чекор од титулата по 30 години пост.
https://twitter.com/OptaJean/status/1249291361469304833